Испечати

Леб со бадеми и маслинки

Леб со бадеми и маслинки

Состојки

  • 500 гр. брашно
  • 250 мл. млеко, млако
  • 1 пакетче сув квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче рузмарин
  • 20 мл. маслиново масло + 10 мл. за премачкување
  • малку бибер
  • 100 гр. сецкани бадеми
  • 100 гр. сецкани црни маслинки

Подготовка

Неодамна, наидов на овој рецепт на нет и решив да го направам и пробам лебов и не згрешив. Вкусен, миризлив леб со мека внатрешност, а крцкава кора. Ви препорачувам да го пробате.

Подготовка
Во еден длабок сад ставете го брашното, квасецот, шеќер, сол, бибер, рузмарин и 20 мл. маслиново масло. Додадете го млекото постепено и замесете мазно и еластично тесто. Обликувајте топка, премачкајте со маслиново масло, покријте го со фолија и оставете го во садот на топло место да нарасне, да стаса (околу 30 мин.).
Откако ќе стаса, премесете го, додадете ги маслинките и бадемите и повторно замесете. Формирајте векна така што ќе развлечете правоаголна кора дебела околу 1цм. и завиткате како ролат нежно притискајќи притоа. Ставете ја во подмачкан калап, засечете ја на неколку места и оставете повторно околу половина час да стаса.
Пред да го ставите лебот да се пече, премачкајте го со маслиново масло.
Рерната загрејте ја на 200°С и на дното ставете сад со вода. Тоа ќе придонесе лебот да биде со крцкава кора. Ставете го лебот да се пече околу 40 минути.

Овој леб послужете го со аиоли или некој друг намаз.