Лиснати рози со јаболка
Состојки
- 275 гр готово правоаголно лиснато тесто
- За полнење
- 2 средни црвени јаболка
- 1 лажица путер
- 1 лажица шеќер
- 100 мл вода
- 1/2 лажиче цимет
Подготовка
Јаболката исечете ги на четвртини и секое парче исецете го на тенки парчина околу 3-4мм.
Ставете ги во поголема тава. Додајте ја водата, шеќерот, путерот, циметот и оставете ги да се динстаат додека течноста испари и јаболката омекнат, но не мешајте ги треба да останат цели. Потоа оставете ги да оладат.
Лиснатото тесто исечете го на ленти широки 5 цм и на секоја по должина наредете јаболка. Свиткајте ја половина од лентата над јаболката и потоа завиткајте ја во ролат. Ставете ги исправени нагоре во плех обложен со хартија и печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени25- 30 мин.
Оладени посипете ги со малку шеќер во прав и послужете ги.