Солени рози со салама
Состојки
- Тесто
- 500 гр брашно
- 250 мл топло млеко
- 100 мл масло
- 1 јајце
- 20 гр свеж квасец
- 1 лажиче сол
- 1/2 лажиче шеќер
- За полнење
- 250 гр шунка или салама
- За премачкување
- 1 јајце
- по потреба сусам и путер
Подготовка
Од сите состојки за тесто замесете не лепливо тесто и оставете го да одмори 15 минути. Потоа поделете го на два дела.
Од едниот дел на набрашнета површина расучете правоаголна кора со димензии околу 25х42. Исечете ленти широки 6 цм. Наредете ја саламата исечена на тенки кругови и на половина по должината така што малку(околу 3мм) ќе излегува над кората. Превиткајте ја половина од кората над саламата. Завиткајте ја во ролат и притиснете го крајот од тестото убаво да се залепи. Наредете ги во плех обложен со хартија или во хартиени корпички или во калап за мафини.
Премачкајте ги со разматено јајце, наросете ги со сусам и ставете по едно парченце путер.Истата постапка повторете ја и со другата половина тесто.
Уклучете ја рерната да се загрее на 200 степени.
Печете ги околу 25 мин.