Испечати

Домашен малина ликер

Домашен малина ликер

Состојки

  • 200гр. свежи малини
  • 200 гр. шеќер
  • 500гр. ракија комовица
  • шербет
  • 300гр. вода
  • 200гр. шеќер

Подготовка

Еве како што ветив си го ставам и ликерчето од малини кое редум го спремам неколку години само ќе напоменам во врска со состојките грамажата се менува во зависно од тоа во којa амбалажa ќе се одлучите да го припремите, дали тоа пластично шише од1,5 литар или стаклено литарско или од 2 литри.  Како и да е подобра опција е секогаш стаклената амбалажа.

Се полни една третина од шише со малини (свежи), се дотура шеќер и се дополнува со ракија. Вака се остава да отстои 40 дена на сонце, после се цеди низ газа.
За да не чувствувате јак вкус на ракија се разредува со благ шербет кој го спремате од наведените состојки и треба да повари како за баклава. Се остава да се излади шербетот.
Во подлабок сад се става од течноста во која стоеја малините и постепено се дотура шербет, не мора да биде тоа целата количина (сепак се работи за вкус) разредете го колку вие сакате истовремено се добива на густина на самиот ликер на овај начин се тура во соодветна амбалажа и стои во фрижидер, ладен послужете го. Ќе ја забележите разликата во густина за која ви зборувам