Зеленчукова тава
Состојки
- 2 главици кромид
- 3 зелени пиперки
- 500 гр грашок
- ½ литар домата
- 2 зеленчукови коцки за супа
- 1 тиквица
- 1 кг компири
- 2 лажици црвен пипер
- 1 лажица мешан сув зачин
- 3 чешнина лук
- ½ китка магдонос
- ½ лажиче црн пипер
Подготовка
1. Кромидот ситно го сецкаме и го пржиме додека не добие светло жолта боја.
2. Пиперките ги сецкаме и нив ги додаваме во кромидот. Го додаваме и грашокот, зеленчуковите коцки и доматата, динстаме 20 минути. Оваа мешавина ја ставаме во земјена тава.
3. Тиквицата ја сецкаме на коцки. Ја пропржуваме и ја додаваме во тавата.
4. Комприте ги лупиме и ги сецкаме на коцки. Ги прижиме на малку масло. Во нив го додаваме црвениот пипер и мешаниот сув зачин. Компирите ги додаваме на зеленчукот во тавата. Додаваме топла вода за да се прекрие зеленчукот.
5. Печиме 1 ½ час на 200 степени.
6. Лукот и магдоност ги сецкаме. 15 минути пред вадење ги додаваме лукот и магдоносот. Мешаме и додаваме црн пипер брз зеленчукот.