Испечати

Солени гнезда со блитва и крем сирење

Солени гнезда со блитва и крем сирење

Состојки

  • 500гр. тенки кори
  • 1 врзоп блитва
  • 4 млади кромидчиња
  • 300гр, крем сирење
  • 2 белки
  • 3 лажици пармезан
  • 100мл. масло
  • по потреба сол
  • За премачкување

Подготовка

Во тава на оган со малку масло пропржете ја кратко блитвата со младиот кромид.
Во подлабок сад измешајте го убаво маслото со сирењето.
На работна површина ставете една кора и премачкајте ја со измешаните масло и сирење.
Горниот крај на кората околу 5см. оставете ја не премачкана.
Долната страна од кората преклопете ја околу 5 см и одозгора ставете тенко стапче и со него виткајте ја кората како ролат се до делот кој не е премачкан.
Набирајте ја полека кората и постепено вадете го стапчето.
Краевите свиткајте ги за да добиете круг и ставете го на хартија за печење.
Повторете ја постапката со сите кори.
Преостанатиот фил од масло и крем сирење додајте го во пропржената блитва и млад кромид.
Додајте ги и белките и посолете по желба.
Убаво измешајте и со филот наполнете ги оформените гнезда.
Одозгора врз филот посипете со пармезан.
Краевите на секое гнездо премачкајте ги со масло.
Печете на 200 степени додека поруменат.