Испечати

Говедско Бургоњ

Говедско Бургоњ

Состојки

  • 170 гр димена сланина со кожа
  • 1,4 кг немасно говедско месо
  • 1 голем морков
  • 1 голема главица кромид
  • 18-24 главички ситен кромид
  • 450 гр ситни свежи шампињони
  • За залевање
  • 700 мл црно вино
  • 500-700 мл говедски бујон
  • Зачини и останато
  • 1 лажичка сол
  • 1/4 лажичка мелен бибер
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажица доматно пире
  • 2 чешниња лук
  • 1/2 лажичка мајчина душица
  • 1 ловоров лист
  • малку маслиново масло

Подготовка

Говедско Бургоњ потекнува од францускиот регион Бургундија, т.е Бургоњ, па од таму и името. Месото се спрема долго, но крајниот резултат е воодушевувачки. За готвење ќе ви треба еден сад со капак или Делимано Гурмет 8 во 1 Пекачот каде ќе ја употребите опцијата пржење и бавно готвење.

Подготовка
Отстранете ја кожата од сланината, но не ја фрлајте, а сланината исечкајте ја на ленти со широчина од околу 1 см. Говедското месо исечете го на коцки од 3-4 см и исушете го со кујнска хартија. Морковот исечете го на крукчиња, а кромидот на полумесечинки. Исчистете ги малите кромитчиња и печурките.
Во садот каде ќе спремате ставете малку масло и кога ќе се загрее испржете ги парчињата сланина. Кога ќе бидат заруменети извадете ги со лажица-решетка. Во истото масло ставете го месото, но не целото одеднаш, туку на 2-3 пати. Битно е месото да фати коричка, а ако се преполни садот со месо тоа нема да се пржи туку ќе се динста. Поради истата причина се суши со хартија.
Кога ќе завршите со месото ставете го исечканиот зеленчук и кога ќе се пропржи извадете го.

Сега следуваат главичките мали кромитчиња. Нежно мешајте ги за да не се оштетат, и кога малку ќе добијат боја извадете ги. На крај ставете ги и печурките. Кога ќе бидат пржени печурките, во садот вратете се што претходно испрживте - сланината, месото, зеленчукот и кромитчињата.
Се посолете, побиберете и ставете го брашното. Промешајте и оставете да се пржи 4-5 минути за брашното убаво да се нафати на парчињата месо.
Сега налејте го виното и ставете од бујонот колку е потребно за да го прекрие месото. Вака сите вкусови ќе останат во јадењето. Се' што останало на дното на садот ќе се растопи со течноста. Додадете го доматното пире, лукот ситно исечкан, мајчината душичка, ловоровиот лист и кожата од сланината. Садот ставете го на силен оган да проврие, а потоа смалете ја температурата на најтивко и гответе околу 3 часа.
Пред служење извадете ја кожата од сланината и ловоровиот лист. Традиционално ова јадење се служи со варен компир, но одговара и со тестенини или ориз.

Пријатен апетит!

Ова е прилагоден рецепт на Џулија Чајлд.