Испечати

Кекс штанглички со капучино

Кекс штанглички со капучино

Состојки

  • 500гр мелени бисквити
  • 100гр маргарин
  • 1 кесичка капучино
  • 200мл млеко
  • 150гр шеќер во прав
  • 100гр бела чоколада за готвење

Подготовка

Капучиното се раствара во загреаното млеко и се остава да се олади. Со оладеното капучино се замесуваат мелените бисквити и се меша со изматениот маргарин со шеќерот во прав. Смесата убаво се изедначува и се става во калап или се расплескува во соодветен сад. Се рамни убаво со влажен нож и се прелива со чоко глазура.
Овие коцки се лесни за подготовка и може да ги приготвуваат сами дечињата, а вкусни се и доста економични.