Испечати

Крцкавци со бадеми- бадем леб - almond bread

Крцкавци со бадеми- бадем леб - almond bread

Состојки

  • 200 гр. белки
  • 200 гр. шеќер во прав
  • 200 гр. брашно
  • 200 гр. бадеми

Подготовка

Уште една идеја како да се потрошат белките, ова како чипс, крцкавци, идејата и рецептот се на Ивона, нели сум радознала - си ја спроведов во дело, а сега на Ваша понатамошна услуга.
Забележувате во состојките е со ви иста грамажа, значи ќе премерете белките и понатаму се по иста грамажа од состојките.
 
- Со миксер изработете ги белките додавајки го шеќерот во прав. Кога се сматени додајте ги брашното и бадемите кои предходно сте ги заедно измешале, со лажица разбркајте да се соедини целото тоа и истурете во подмачкана со зејтин и побрашнета модла за срнечкиот грб. Стаете да се пече во предходно загреана рерна на 180-200 степени околу 30 мин. (зависно од рерната). Треба кората да биде златно жолта, но пробајте и со чачкалица.
- Оставете нека се излади, извадете го од модлата колачот и со нож исечето го на тенки шнити (може на машината за сечење сувомеснато или со електричен нож).
- Вака исечените парчиња наредете ги во тава послана со хартија за печење и нека се печат во загреана рерна на 180 степени околу 5-8 мин.
Внимавајте да не ги препечете, краевите треба да ви добијат златно жолта боја.
Јас дел од нив препеков, па да не ви се деси и на вас истото, но крцкави, вкусни, бадемасти

Напомена
Шеќерот слободно можете да го намалите за 50 гр. помалку.
Уживајте.