Испечати

Полнети краставици со сос

Полнети краставици со сос

Состојки

  • 4 помали краставици
  • 250 гр. мелено месо и малку пушена сланина
  • 50 гр. ориз
  • 1 јајце
  • на вкус сушен зеленчук, сол, бибер
  • 500 мл. вода
  • 1 коцка говедска за буљонот
  • За сос
  • 1 лажица брашно
  • 300 мл. од буљонот - водата во која се вареа краставиците
  • 2 лажици сок од лимон
  • 100 мл. павлака за готвење
  • малку копар

Подготовка

Освежувачки ручек...
 
- Краставиците излупете ги (ако сакате и нека се декоративни лупејки ленти една преку една) , издлабете ги.
- Оризот само малку подварете го, нека биде полуварен.
- Сланината малку запржете ја.
- Додајте во меленото месо оризот, сланината и јајцето, треба да е помало, целото тоа измешајте, овкусете и полнете ги краставиците. Наредете ги во садот во кој ќе ги варите, подлијте ги веднаш со 500 мл. врела вода и ставете на тивко да се варат околу 30 мин.

Сос
На малку зејтин испржете една лажица брашно, додајте во него 300 мл. од водата во која се вареа краставиците, варете околу 10 мин. Пред самиот крај додајте малку копар, лимоновиот сок и павлаката. При сервирањето додајте од овој сос.

Совет
- Киселото млеко, киселата павлака одлично се совпаѓаат за подготовка на сосот, односно ви препорачувам како добра алтернатива наместо павлаката за готвење (нели секогаш ја немаме) така што откако сосот се варел одреденото време, тргнете настрана, разматете киселата павлака или млеко додајте малку од сосот, повторно измешајте, тогаш додадете го сето ова во сосот. Измешајте, не е е потребно сега да се доварува како што е кога ќе користите павлака за готвење.
Доколку сметате дека треба повеќе количински да спремите за ручек, тогаш дуплирајте ги состојките.
Нека ви се слатко!