Испечати

Делимано мраморен колач

Делимано мраморен колач

Состојки

  • 250 гр. маргарин
  • 250 гр. шеќер
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • прстофат сол
  • 3 јајца
  • 1 пакетче прашок за пециво
  • 400 гр. брашно
  • 125 мл. млеко
  • 2 лажици какао
  • 2 лажици шеќер

Подготовка

Стар германски рецепт за вкусен колач со состојки кои обично секогаш ги имаме при рака. Брзо се спрема, сочен е и може таков подолго време да стои доколку убаво го завиткате во алу-фолија.

Подготовка
Маргаринот и шеќерот изматете ги пенасто. Додадете ги јајцата, солта и ванилиниот шеќер. Убаво изматете и додадете ги млекото, брашното и прашакот за пециво. Ќе добиете густа смеса која тешко паѓа од лажицата. 2/3 од смесата ставете ја во претходно намастена и побрашнета форма за печење (може и тавче бр.24). Во останатиот дел од смесата ставете го какаото и шеќерот. Убаво промешајте, по потреба додадете малку млеко (околу 20-30мл.). Смесата со какао распоредете ја врз светлата смеса во калапот и со вилушка бодете на неколку места. При вадењето на вилушката, свртете ја неколку пати во круг.
Јас колачот го печев на опција вентилатор на 180 степени, 45 минути. Доколку печете нормално (на греачи) тогаш времето на печење се продолжува отприлика за 10-15 минути. Најдобро, при печењето направете проба дали колачот е печен.