Испечати

Мали пици со бомбици

Мали пици со бомбици

Состојки

  • 400гр. брашно
  • 1 варен компир
  • 250 мл. јогурт
  • 1 мало кафено филџанче масло
  • 1 лајче сув квасец
  • 1 лајче печиво
  • 1 лајца маргарин

Подготовка

Уште еден во редот на печиво со вкус на пица.
Најпрво се вари компирот, се гмечи со вилушка и се пасира со дел од предвидената течност од јогурт, се додава брашното, маслото, преостанатиот јогурт, маргаринот и на крај средствата за нарастување на тестото. Се меси и се остава да се одмори 30-мин. Потоа се одделуваат топки од тестото (големина вие одредувате сами) се сукаат со сукалка на набрашнета површина.

Од тестото одделувате и мали топчиња колку за најмали бомбици во средина на секое топче се става парче сирење или салама и се затвораат се распоредуваат околу расуканото корче (по 5-6 одприлика) после се става кечап во средина на коричката, па се додаваат сувомеснати по желба и дробено сирење, се остава малку да надојдат па се печат.