Грашок со праз и сенф
Состојки
- 400-500гр. грашок
- 2 моркови
- 1 парче праз
- 2-3 парченца лук
- 400гр. месо по избор
- 400 мл вода,
- 1 лајца пипер за манџа,мешан сув зачин,црн пипер,масло
- 4-5 лајци сенф
- 1лајца брашно
- 2 чаши вода
Подготовка
Ете некогаш никако не го сакав грашокот се додека не го научив овај рецепт за кој многу допринесува сенфот.
Да започнам по ред.
Месото кое сте го избрале за комбинација со грашок (ова на слика е свинско) се сечи на коцки и се става во садот во кој ќе го припремате ручекот, се остава да се испари течноста од него после се додава маслото на кратко да пропржи, па се додава една чаша вода да се вари на тивко додека целата течност не испари сосема, се додава уште една чаша вода во садот и овајпат се става едно лајче зачин и се остава да крчка повторно да испари течноста.
Во меѓувреме празот го сечкаме на ситно, се сечка и лукот, морковите лупени на тркалца се сечат. Кога веќе испарила целата течност сега останува омекнато месото со малку маснотија врз него во садот се додава цел зеленчук кој го сечкавме и на кратко се пропржува да се омекнат зеленчуците, кога се пропржени се става и грашокот се додава брашното и црвениот пипер, на кратко пржат па веднаш се долева иста количина вода колку што е тежината на грашакот, со поклопец се вари на тивко.
Додека е топла, но тргната настрана од оган се става сенфот или втора опција доколку не ви јадат сите по дома сенф,с тавете го врз грашакот веќе сервиран во пајнца, на онај кој е доволно љубопитен да проба поинаков вкус. Идеален сад за подготовка на овај ручек би бил гурметот....