Шницли со кора од сенф
Состојки
- 4-6 свински шницли
- 75 гр. путер или маргарин
- 6 лажици презла
- 1 лажица сенф
- сол, бибер
Подготовка
Уште еден рецепт за брзо спремен и вкусен оброк.
Во една тава за пржење ставете малку зејтин и испржете ги шницлите од двете страни по 2 минути. Посолете, побиберете.Тргнете ги на страна.
Рерната загрејте ја на 225°С.
Во еден сад ставете го маргаринот, презлата и сенфот. Убаво измешајте за да се спојат состојките (најдобро, измесете со раце). Посолете и побиберете.
Во една керамичка тава наредете ги испржените шницлите и на секоја од нив ставете од претходно припременета смеса. Ставете ги во рерна да се потпечат (5-7 мин.)
Послужете ги со печени или пржени компири.