Пилешко со сенф и сланина
Состојки
- 8 пилешки копани
- 16 (200 гр) ленти чадена сланина
- 1 лажиче сув рузмарин
- 1 лажиче сува жалфија или листови
- 2 чешниња лук
- 1/2 чаша бело вино
- 1/2 чаша вода
- по потреба сенф, бибер и сол
- по потреба маслиново масло
Подготовка
На копаните отстранете ја кожата и секое парче премачкајте го со сенф. Завиткајте ги со по две парчиња сланина и наредете ги во плехче. Додајте го виното, водата, лукот, наросете ги со рузмарин, жалфија, бибер и малку сол. Попрскајте ги со маслиново масло. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 1 саат или времето на печење одредете го самите во зависност колку сакате да бидат печени.
Послужете ги топли со прилог од компири, ориз или салата.