Шашлик
Состојки
- 300 гр свинско месо
- 1 помал домат
- 1/2 пиперка
- 4 мали главички кромид
- 4 шампињони
- За маринада
- 1 лажичка сенф
- 80 мл јогурт
- 2 чешниња лук
- 1 лажичка сол
- 1/2 лажичка бибер
Подготовка
Шашлик е маринирано месо кое е набоцкано на ражен во комбинација со различни зеленчуци. Ова јадење е карактеристично за земјите од поранешниот Советски Сојуз, Турција, земјите од Блискиот исток и оригинално се припрема од јагнешко месо.
Свинското месо е пожелно да биде од плешка за да е помеко. Се сече на парчиња од околу 3х3х1,5 см. Се мешаат сите состојки за маринадата и во неа се ставаат парчињата месо да отстојат 6 часа, а најдобро преку ноќ.
Доматот се сече на четвртинки, пиперката на парчиња од околу 3х3 см, кромидот на половина, а на печурките им се отсекуваат рачките за да се добие рамна површина. На дрвени или метални стапчиња за раженчиња се редат сите состојки по редослед кој ви одговара. Кај мене беше кромид, месо, домат, месо, шампињон, месо, пиперка, месо, кромид.
Вака спремените раженчиња се печат на тостер (мојот случај), скара, грил тава или во Делимано Гурмет 8 во 1 Пекачот на програма за печење на скара.
Месото припремено на овој начин е меко и многу вкусно бидејќи освен од маринадата има примено вкус и од сите зеленчуци.
Пријатен апетит!