Испечати

Пилешки сос со сланина и павлака

Пилешки сос со сланина и павлака

Состојки

  • 3 цели парчиња стек
  • 1 свежа зелена пиперка
  • 3-4 парчиња сланина сечена на танко
  • 1 коцка пилешка за супа,вода
  • 50мл. маслиново масло
  • 2 парчиња млад кромид
  • 100-тина мл. неутрална павлака за готвење
  • 1 цела кисела павлака, рузмарин, црн пипер
  • прилог...
  • 250гр. тестенини по избор

Подготовка

Нема некој посебен вовед за овај предлог, ќе речам кој сака пилешко и тестенини нека повели, самата подготовка не одзема премногу време, т.е. времето се исплати за крајниот резултат. Нема многу садови сета припрема на сосот е во ист сад.
Парчињата стек се сечкаат на коцки, ставаат во сад со шоља вода во која ја ставаме и коцката да се раствори и некое време да се подварат на тивко, да се омекни месото се додека целата течност не испари. После се додава маслиновото масло и следува пропржување (цела постапка се одвива во ист сад), веднаш се додава насецкан кромидот да се пропржи да добие стаклест сјај следува пиперката сечена на траки и на тенки лентички сланината, да се подзаруменат малку.
Се става неутралната павлака, некое време да се прокрчка со сите намирници (околу 10 минути) при крај на цел процес се додава и киселата павлака и зачините (рузмарин и црн пипер) се остава така кратко време и се трга од оган. Прилогот приготвен најпрво по избор тестенини, било да се тоа шпагети како во случајов или макарони, резанци...