Испечати

Фокача со компири

Фокача со компири

Состојки

  • 2 средни (350гр) компири
  • 600 гр брашно
  • 500 мл топла вода
  • 25 гр свеж квасец
  • 1 лажиче сол
  • 1/2 лажиче шеќер
  • по потреба маслиново масло
  • по потреба крупна сол

Подготовка

Компирите излупете ги, исечете ги на плочки и ставете ги да варат во зовриена вода додека омекнат. Исцедете ги од водата, испасирајте ги како пире и оставете ги да оладат.
Квасецот растворете го со малку вода, шеќерот и брашно.
Во поголем сад каде што ќе има место за киснење на тестото ставете го брашното, солта, квасецот и со додавање на водата замесете тесто. Тестото е меко и наликува како за мекици.
Покријте го со проѕирна фолија или со капак и оставете го да кисне 1 час и половина.
Стасаното тесто префрлете го во плех од шпоретот намачкан со маслиново масло и со намрсени раце порамнете го. Попрскајте го со масло и наросете малку крупна сол. Оставете го да стаса уште 30 мин, потоа печете го во загреана рерна на 200 степени околу 35 минути додека да зарумени.
Печената фокача покриена со фолија и крпа оставете ја малку да олади и послужете ја.