Торта со портокал и јагоди
Состојки
- 4 јајца
- 150 гр путер на собна температура
- 225 гр шеќер
- 325 гр брашно
- 50 гр нишесте
- 1 прашак за пециво
- 1 ванила
- исцеден сок од 1 портокал
- 350 гр јагоди
Подготовка
Јајцата изматете ги со путерот, шеќерот и ванилата во кремаста смеса. Додајте го сокот од портокал и кратко измешајте.
Брашното, нишестето и пецивото измешајте ги и додајте ги во смесата. Измешајте ги со лажица или жица да се изедначат.
Смесата истурете ја во подмачкан со путер и набрашнет калап(26) и врз неа наредете ги јагодите исечени на половина.
Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 35-40 мин или проверете со чепкалка. Потоа исклучете ја рерната и оставете ја уште 10 минути. Извадете ја и покриена со фолија оставете ја да олади.
Послужете ја наросена со шеќер во прав.