Испечати

Маринирано печење од диво свинско

Маринирано печење од диво свинско

Состојки

  • 750 гр. месо од плешка или грбот на дива свиња
  • 1 лажичка црн пипер во зрна
  • 1 лажичка мајчина душичка
  • 1 лист ловоров лист
  • 2 каранфилчиња
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 1 помал корен целер
  • 1/3 чаша вински оцет
  • 1/2 л. јако црно вино
  • за сосот
  • 1 лажица брашно
  • 3 лажици зејтин

Подготовка

 
- Месото изимијте го и ставете во садот со зачините. Додадете го исечениот кромид, морковот, целерот, прелијте со оцетот и виното и оставете да одлежи во фрижидер 1-4 дена (свежото место пожелно е да одлежи 4 дена во маринадата)
Потоа исцедете го добро, посолете.

Ставете го месото во сад со загреан зејтин и подпечете додека не добие убава темна боја. Извадете го печењето.
- Во касеролата подпржете го брашното, долијте ја маринадата заедно со зачинките, оставете да проврие. Залијте го месото со провриениот сос и оставете во рерната да се пече поклопено на 180 степени околу 1-2 часа.
Нека ви е слатко!