Каремелизиран кромид
Состојки
- 2 поголеми главици кромид
- 2-3 лажици маслинов зејтин
- 1/2 лажичка кафен шеќер
- 1 лажичка Балсамико оцет
- на вкус сол
Подготовка
И вака спреман кромидот е потребно да понекогаш го имаме, има посебен вкус. Може да се спрема од било кој- црвениот, жолтиот (обичниот) ...
Одличен прилог кон пире и печење, а често пати потребен за подготовка на главно јадење...
- Кромидот насечете го на тенки разниња
- Во Делимано тавата (бидејки е нелеплива) ставете го зејтинот да се загрее малку, ставете го исечениот кромид, намалете ја температурата, добро промешајте го кромидот да се измеша со зејтинот и нека крчка - омекнува, околу 15 минути. После тоа посолете на вкус и додајте го шеќерот. Оставете и понатаму да крчка околу 35 мин. повремено промешувајки го. Температурата на огнот не ја зголемувајте. Пред самиот крај додајте го Ацето-балсамико кој ќе го збогати и вкусот и бојата.
Забелешка
Наместо Ацето Балсамико може да додадете и вински оцет.
Наместо кафен шеќер може да додадете мед.
Денес спреманиот карамелизиран кромид јас го спремав со мед, додадов и мелен црн пипер на самиот крај во чинијата.
Користете го како додаток на сосовите, намази и сл. Мене лично ми е одличен да стои покрај пирето од компир.
Кога одлучам да карамелизирам кромид, правам во поголема количина, остатокот го собирам во тегличка, го чувам во фрижидер бидејки може да одстои за 3-4 дена.