Испечати

Овошен путер колач

Овошен путер колач

Состојки

  • 4 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 200 гр остро брашно
  • 200 гр путер
  • 0,5 - 1 кг сезонско овошје
  • шеќер во прав за декорација

Подготовка

1. Се матат белките со 100 гр шеќер во цврст снег.

2. Жолчките се матат со остатокот од шеќерот, се додава путерот на собна температура и кога се ќе се измати се додава и брашното.

3. Во изматената смеса со жолчки се додава снегот од белки и се меша со лажица.

4. Се става во подмачкано плехче 20х35 см и одозгора се реди исчистеното овошје, овој пат цреши.

5. Се пече во загреана рерна на 180 степени.

6. Оладениот колач се посипува со шеќер во прав.