Испечати

Шарпланински погачици

Шарпланински погачици

Состојки

  • 100гр. млеко + 5 лајци масло
  • 100гр. кајмак
  • 3 јајца
  • 1 квасец свеж
  • 200+200гр. кашкавал
  • 1 жолчка,мак, маргарин за премаз
  • 500 - 600 гр (по потреба) брашно

Подготовка

Случајно го пронајдов овај рецепт во стар готвач, според составот ми звучеа на нешто што треба да се проба, топло ви ги препорачувам.
Во составот за изработка на тесто влегуваат млекото, масло, кајмак (така беше оригиналот јас ставив крем сирење во иста количина), јајцата, свеж ронат квасец и брашно постепено се додава за да се добие тесто со средна јачина (како за кифлички) се сука правоаголна кора која се премачкува со маргарин и се роси со половината од кашкавалот рендан се дипли како плик од сите четири страни, така на набрашнета површина се сечи со чаша (поголемка) и се оставаат сите кругови да надојдат, наредени во плех над хартија.
Настрана матиме жолчка со малку масло, се премачкува секоја погачица се става во средина по едно купче рендан кашкавал и наоколу се роси мак или по избор некое семе. Печиме на 200