Испечати

Бакардан - Качамак

Бакардан - Качамак

Состојки

  • 700 гр пченкарно брашно
  • 2-3 литри вода
  • 200 гр сланина
  • 50 мл зејтин

Подготовка

Во повисоко тенџере се става водата да зоврие. Кога ке зоврие се сипува брашното на површината на водата и со дрвена лажица или сукало се прават неколку дупки во брашното. Во дупчињата се сипува малку сол. По правило треба да се вари 45 минути, но јас пробав и пократко и не прави никаква разлика во вкусот така да 15-20 минути е доволно.
Сланината се сече на тенки ленти и со малку зејтин се пржат дури станат крцкави. По 20тина минути се исипува водата во некој сад и се мати брашното со сукало. Постепено се додава вода дури целото брашно не стане хомогено односно нема веќе суво брашно. Тава се попрскува со зејтинот од сланината, се сипува качамакот, со лажица се сече на помали парчиња и се попрскува со зејтин. Одозгора се сипува сланината.
Добар апетит !