Маринирани шампињони
Состојки
- 100 мл. маслинов зејтин
- 3 лажици лимонов сок (може и вински оцет)
- 400 гр. шампињони
- 1 лажичка мајчина душичка
- 1/2 лажичка рузмарин
- 3 чешниња лук
- малку сува лута пиперка - не мора кој не јаде луто
- на вкус сол и толчен црн пипер или во зрна
Подготовка
За љубителите на шампињоните, еден мој предлог за маринирање,
Постапка
- Во касеролата загрејте го маслиновиот зејтин, додајте цели (не сечени) шампињоните кои предходно сте ги измиле и исушиле, веднаш додавате лимоновиот сок, зачинките, сецканата лута пиперка и ситно сечканиот лук. Оставете нека крчкаат околу 15 мин. додека да омекнат. Соберете во садче, покријте и оставете барем 2 часа во фрижидер да се сите вксуови спојат.
Забелешка
- Јас во денешните ставив вински оцет. Доколку не омекнат слободно подлијте со малку вода, но тоа досега не се случило. Бидејки велам цели не сечени шампињоните, кога ќе купувате бирајте да бидат поситни.
Нека ви е слатка оваа делиција.