Испечати

Тоблероне

Тоблероне

Состојки

  • 3 јајца
  • 300 гр шеќер
  • 125 гр маргарин
  • 4 лажици какао
  • 400 гр. мелени бисквити
  • 100 гр сусам
  • 2 раце сецкани ореви
  • глазура
  • 4 лажици млеко
  • 4 лажици какао
  • 5 лажици шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер

Подготовка

Рецепт што ме потсетува на моето детство. Дада ми Тања го прави,а јас се врткам околу неа и чекам да пробам.

Во сад за матење ставете ги јајцата и матете ги на најголема брзина со постепено додавање на шеќерот.
Откако ќе ги изматите, постепено додајте го какаото. Во почеток матете на најбавно за да не се крева насекаде прав, а потоа појачајте ја брзината и матете се дури да добиете изедначена смеса во која сте сигурни дека не останале грутчиња какао.
Додајте го маргаринот, кој најдобро се мати ако е на собна температура. Ако е ладен исечете го на помали парчиња. Продолжете со матењето и кога целосно ќе ја изедначите смесата може да почнете со додавање, најпрво на сусамот, па на оревите и на крај бисквитите.

Во почеток матењето ќе ви оди лесно, но како се згуснува смесата, тоа ви станува се потешко, па на крај најдобро е да ја домесите целата смеса со рака.

Глазура
Во млекото ставете ги какото и шеќерот и растопете ги на умерен оган, мешајќи постојано. Внимавајте да не ви останат грутчиња.
Инаку може да користите и готов чоколаден прелив или истиот да го спремите од растопено чоколадо за готвење.

Смесата може веднаш да ја обликувате во вид на триаголник.
Впрочем и самото чоколадо Тоблероне е во таа форма,нели?
Глазурата може да ја нанесете веднаш, па потоа тоблеронето да го оладите или во фрижидер или во замрзнувач, доколку ви се брза.

Исечете го на парчиња дебели 1 см. и секогаш послужувајте го оладено.

Јас некогаш сечам подебели, некогаш потенки парченца, не сум броела колку ми излегувале досега, но мислам дека сигурно ќе извадите 40-60 парчиња.

Уживајте!!!