Обичен ролат на необичен начин
Состојки
- 4 јајца
- 120 гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 120 гр брашно
- 1 прашок за пециво
- 1 рендана кора од 1 лимон
- * За фил
- 200 гр од вашето омилено чоколадо
- 50 - 70 гр лешници, бадеми или ореви
Подготовка
Навидум обичен ролат, кој се приготвува многу брзо и крајот го краси одличен вкус...
Јајцата и 2 вида шеќер изматете ги додека не добиете убава, густа, кремаста структура (одприлика некои 10 мин).
Потоа ставете го миксерот на најмалата брзина и постепено додадете го брашното и прашокот за пециво.
На крај внимателно измешајте ја и кората од лимонот.
Смесата излијте ја во најголемиот плех кој го имате дома, предходно обложен со пек-хартија. Оној од шпоретот добро би завршил работа за оваа намена.
Печете на 170Ц 5-6 мин. Потоа извадете го плехот од рерна и врз полупеченото тесто изрендајте го чоколадото и мелените или мн. ситно исецкани јаткасти плодови.
Напишав вашата омилена чоколада, а тоа значи без ограничувања, дали ќе е само млечна или со полнеж или со лешник.. и сл.
Откако филот убаво ќе го распоредите завиткајте ролат и вратете го повторно во плехот во кој се печеше и плехот сега вратете го во рерната и печете го свитканиот ролат уште 5 мин.
Готовиот ролат посипете го со шеќер во прав, а по желба можи да си ставите и чоколаден прелив.
Спрема моето гледиште, овој ролат можи да го служите и топол и ладен. Додека е топол и чоколадото не е се уште здрвено е една приказна, а потоа кога ќе го пробате и изладен, приказната е слична, но сепак малку поразлична -)))