Домашна пилешка супа
Состојки
- 1 домашно пиле
- 250гр морков
- 1 помала главица целер
- 1корен пашканат
- 7-8 ловорови листови
- 100гр тестенина за супа
- 5-6 лажици масло
- 2-3 лажици зачин
- 1 лажичка црн бибер
- 1/2 китка магдонос
Подготовка
Пилето се става да се вари зардно со 4-5 листови ловор.
Морковот се чисти и се сецка на коцки. Исто се постапува и со целерот и пашканатот.
Исецканиот зеленчук се пржи на масло додека испушти од својот сок. Се пржи директно во садот во кој ќе се вари супата. Од како ќе се испржи зеленчукот се налева со половина од водата во кое се варело пилето и половина со обична. Ако пилето е домашно течноста ќе е премрсна затоа се меша пола на пола со обична вода.
Кон супата се додаваат 3-4 ловорови листови ,црниот бибер, пилешкото сецкано месо и се вари околу 15 минути. По 15 минути се додава и фидето или др тестенина и се вари уште 10 минути. На крај се додава исецканиот магдонос и се трга на страна, се покрива со капак и се остава така супата да постои 10 минути да се задржи вкусот на магдоносот.
Кон оваа супа може да се додаде и јаце или павлака, а за овие горештини најубаво е само јаболкова киселина.