Маскарпоне колач
Состојки
- За пандишпанот
- 5 јајца
- 100 гр. шеќер
- 100 гр. брашно
- 4 лажици какао
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- За фил
- 500 гр. маскарпоне
- 400 гр/ кисела павлака
- 200 гр. бело чоколадо
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- 20 гр. желатин
- глазура
- 1/2 чаша од 250 мл. слатка павлака
- 1/2 чаша вода
- 5-6 лажици шеќер
- 4 лажици какао или чоколада во прав
- 10 гр. желатин
Подготовка
Овој колач треба да е овошен, но кај мене не е затоа што немав доволно, тук - таму ставив.
- Одделете ги жолчките и белките
- Со миксер изработете ги белките со половина од шеќерот, оставете настрана. Потоа изработете ги жолчките со останатата половина од шеќерот, додадете ги пресеаното брашно измешано со какаото, ванилата- измешајте, додадете ги изработените белки лажица по лажица и внимателно измешајте ги. Смесата исипете ја во правоаголна тава во големина 30х30 и печете во предходно загреана рерна на 170 степени.
Печен извадете и оставете да олади.
Фил
- Уработете го маскарпонето заедно со шеќерот, ванилата и павлаката.
- Белата чоколада стопете на пареа со 50 мл. слатка павлака или малку млеко, исто како ганаш глазурата, оставете сосема малку да олади, па во тенок млаз додавајте кај маскарпонето за цело време со миксерот работете (за да не стане на грутчиња)
- Растворете го желатинот спрема упатството на паковањето, додадете кај веке готовиот фил и исто така со миксерот за цело време работете и да се целото тоа сосема добро соедини.
Формирање на колачот
- Се сече кората (се крои) во колемина и форма кога сте ја одбрале, поставете ја во прстен обрач или во подлабок сад (тенџере) кој ке одговара на од вас изберената големина на самата кора која ќе послужи како основа. Доколку немате таков обрач (немам ниту јас) поставете го тенџерето со фолија било од која, па тогаш ставете ја кората. Ако сакате посочна да биде сирупирајте ја со малку зашеќерено млеко. По ивицата на пандишпанот кој веќе сте го ставиле поставете на половина исечени јагоди потпирајки ги на зидот од прстенот или тенџерето. Кога сте завршиле со јагодите, ставете го половина филот, потоа ставете овошје кое го имате, покријте со остатокот од филот.
Оставете го вака формираниот колач нека одстои во фрижидер најмалку 2 часа, извадете и залијте со спремената глазура спрема упатствата, декорирајте со остаток од овошјето или пак вие како сакате. Оставете пак нека одстои 1-2 часа. Извадете го од садот во кој сте го формирале притоа помагајки си краевите од фолијата кои се надвор од зидот на садот. Ако пак го правите во прстенот од модлите на одкопчување, тогаш работата околу вадењето на колачот ви е многу олеснета.
- Глазурата е таа по рецептот од Огледало глазурата, погледнете ја, но еве и овде да ја повторам...
Во касеролата ставете павлаката, водата, шеќерот и какаото. На тивко ставете да се вари за цело време мешајки со лажицата за да го растворите какаото. Доволно е кога на целата површина има многу меурчиња. Тргнете од огнот, додадете го желатинот кој од самата топлина ќе се стопи.
- Земете цедалка и прецедете додека е топло. Потоа малку ја само почекајте да се подизлади и налејте врз колачот.
Забелешка
Ова веќе е по ваш избор во која форма сакате да биде, јас ке напишам како јас направив. Потребно е да кажам дека колачот на сликата го правев од половина состојки бидејки имав само 250 гр. маскарпоне. Пандишпанот го спремав од 3 помали јајца, понатаму се по половина од состојките. Го печев во округла форма од 26 бр, а го исеков да одговара на форма од 24 бр. Немав доволно овошје, колку само да наредам по зидовите од тенџерето и во средината колку да се рече дека има ставив малку јагоди.
- Се чувствувам должна за дел од постапката која за жал не можев да ја сликам поради невремето кое не не одмина, а веке познато дека не можам да сликам на ламба. Повеќе од сигурно е дека ќе има дополнителна фотографија за овој рецепт...