Ќофтиња од бајат леб
Состојки
- 300 гр бајат леб
- 200мл врело млеко
- 2 јајца (едно цело и една жолчка)
- 50 гр рендан кашкавал
- малку сол и бибер
Подготовка
Лебот го сецкаме на коцки и го додаваме врелото млеко мешаме убаво. Оставаме малку да олади и додаваме едно цело јајце и една жолчка, ренданиот кашкавал сол и бибер. Мешаме се убаво. Со влажни раце формираме кофтиња ги пржиме во врело масло од двете страни додека да добијат светло кафеава боја.