Природно боено сирење
Состојки
- 400-500 гр. бело сирење
- 300-400гр. маслиново масло
- 1 помало парче цвекло,,
- 3-4 парченца лук
- 1+1 лајче рузмарин и оригано
- 1лајца сенф
Подготовка
Вашиот омилен вид на сирење, го чувате во маслиново масло и припремена смеса од зачини и зачински тревки.
Овајпат едната комбинација беше со цвекло и лук во едно, блендирано и додадено во маслиновото масло. Во погоден сад да стои барем 48 часа да си прими од вкусот, а јачината на додатокот зависи од ваш вкус. Сирењето да е погодно за сечење на коцки, другото сирење е чувано во оригано, рузмарин, сенф...
Во маслиново и тоа додадено, притоа ако додавате само тревки како босилек, шафран, пипер толчена и што ли не други тревки подолго трае сирењето како сега што го спремав најмногу 1 недела го имам чувано.
Секогаш спремате помали количини,, а резултатот е деликатесно сирење.
Совет
Употребете го маслото со тревки и по вторпат, се чува на ладно, но не во фрижидер зашто ќе се здрви, ако отстои на собна температура си ја враќа првобитната конзистенција