Испечати

Варени кнедли од бајат леб

Варени кнедли од бајат леб

Состојки

  • 300 гр. бајат леб
  • 2 јајца
  • 200 мл. млеко
  • 20-30 гр. сува сланина
  • 30 гр. маслац
  • на вкус сол, мелен црн пипер, малку мускатно оревче, сушен зачин
  • ракатка магданос
  • 1 главица кромид

Подготовка

Кнедли велам и тоа доообри кнедли. Ќе имаме добар залак, а бајатиот леб сме го приготвиле на друг начин. Повелете рецептот како јас тоа го направив
1. Лебот исечете го на коцки, полијте со растопениот путер, ставете во рерна да се кратко подпече, извадете.
2. Испржете го исецканиот кромид заедно со ситно сецканата сланина, додадете кај лебот.
3. Јајцата и млекото измешајте ги со маталка, прелијте преку лебот.
Додадете мелениот црн пипер, малку мускатно оревче, насечканиот магданос, малку сол, сушениот зачин, измешајте и оставете да одстои околу 15 мин.
3. Повторно добро измешајте.
4. Спремете прозирна фолија (стреч) малку намрснете ја, а и не мора, ставете од добиената смеса од лебот, формирајте ролат, замотајте добро и запакувајте го така добро како не би влегла вода во него, притоа потрудете да нема шуплини во смесата. Вака добиениот ролат замотајте го во алуминска фолија и добро замотајте.
5. Наполнете поголемо тенџере со вода и кога ќе проврие ставете ги веќе спремните ролати да се варат околу 25 мин.
6. Ивадете, одмотајте и уживајте прво во глетката, а потоа сечете и уживајте во вкусот. Неверојатна вкусотија од бајатиот леб.

- Послужете со разни сосеви и печење, а ништо не фали и со јадење спремано само од зеленчук.
Совет
- Можете наместо во фолија да го замотате во газа или крпа, но предходно да се спреми така што на газата ќе посипете лебни трошки, се поставува да се вари на пареа, а чест е случајот кога едноставно се спуштаат и вака спреманите кнедли во водата. Ако се одлучам на овој начин (во недостиг на фолија) јас секогаш ги правам на пареа.
- Овие кнедли може и да се замрзнат така што до крај ќе ги спремате, оставете да оладат, замотајте во пластична фолија и ставете во фрижидер. Се одмрзнуваат на собна температура, а се подгреваат на пареа. Вака можат да се чуват најмногу 60 дена.