Лиснати кифлиња со мини кремвишли
Состојки
- 200 мл. благо млеко
- 200 мл. јогурт
- 1 пресен квасец
- 3 лажици масло
- 2 лажици шеќер
- 1 лажица сол
- 3 јајца
- 250 гр. маргарин
- 1 кгр. брашно (по потреба и повеќе)
- 100 мл. кисела вода
- 20 зрна црна пипер
- 20 зрна ким
- 2 пакувања мини кремвишли
Подготовка
ПОДГОТОВКА НА КВАСЕЦОТ
1. Во сад се става еден квасец, една лажичка шеќер и три лажици брашно. Се додава малку млако млеко. Се остава да надојде.
ТЕСТО
1. Се замесува тесто од брашното, надојдениот квасец, остатокот од шеќер, солта, двете јајца, една белка ,маслото, остатокот од млекото млако, јогуртот и киселата вода. Се остава да надојде.
2. Тестото се дели на два дела исто и маргаринот. Од двете кори кинеме по десет топчиња.
3. Секое од нив го расукуваме и премачкуваме со маргарин. Последното десеттото не го премачкуваме. Добивме две кори кои се составени од по десет премачкани со маргарин корички. Ги оставаме во фрижидер половина саат.
4. Ја земаме едната кора ја истегнуваме. Сечеме ленти со широчина од два сантиметри.
5. Земаме од лентата и започнуваме со завиткување на мини кремвишлата се до нејзиниот крај да се добие како капче завршеток.
6. Ги редиме во претходно обложен плех со хартија за печење.
7. На секое бебенце од лиснато тесто во горниот дел засекуваме малку со нож два пати каде ќе ставиме две зрнца од црна пипер.
8. На средината исто така засекуваме малку и ставаме внимателно зрнце ким.
9 .Ги премачкуваме со жолчката.
10. Остатокот од тесто од кога ќе се потрошат кремвишлите ги виткаме како кифлиња.
11. Се печат во загреана рерна на 210 степени околу дваесет минути или во зависност од печењето на шпоретот.
12. Се послужуваат.