Месо во сос од магдонос
Состојки
- 1кг шницли од свински врат(месо по желба)
- 150мл масло за пржење
- 4-5 листови ловор
- 100мл бело вино
- 1 лажичка црн бибер
- 2-3 лажици зачин
- сос од магдонос
- 1 китка магдонос
- 50гр путер или маргарин
- 200мл вода
- 250гр кисела павлака
- 1/2 лимон
- 2 лажици брашно
- 1 лажичка сол
Подготовка
Месото се чука во не многу тенки шницли. На загреано масло се пропржува прво од едната страна додека фати коричка, а потоа и од другата.
Од како ќе зафати коричка се остава во тавата, се додаваат листовите ловор и се налева виното. Се покрива со капак и се остава 10 минути да продинста, а потоа капакот се трга. Температурата на ринглата се зголемува и кратко се пропржува од двете страни - одкако ќе испари течноста.Се ваѓа месото на соодветна чинија и се зачинува со бибер и зачин по вкус.
Сос
Магдоносот се мие и се сецка и се пропржува на растопениот путер 3-4 минути. Во испржениот магдонос се налева водата и сокот од пола лимон и се остава да проврие.
Киселата павлака се разматува со двете лажици брашно и се додава кон зовриената смеса во тавата.Се вари сосот околу 10 минути со постојано мешање (ако ги користите садовите од Делимано тоа не е неопходно). Од како ќе се спојат сите состојки се зачинува со сол и зачин по вкус.
Сосот е многу вкусен и може да се искористи и со риба, тестенини, варен компир....