Триаголници од компир и месо
Состојки
- 5 компири
- 300 гр. пилешко месо
- 1 јајце
- 1 лаж. зачин
- 3 лаж. брашно
- 1 жолтка
- 2 лаж. сусам
Подготовка
Компирите се со средна големина, тие треба најпрво да се сварат.
Месото може да биде стек или пак батаци, истотака и месото се вари.
Кога ќе бидат сварени се мелаат со машинка за месо.
Се ставаат во длабок сад и во нив се додава јајцето, зачин и брашното.
Сето тоа убаво се меша.
Во тавче бр. 26 се става малку масло и брашно за да се направи подлога за претходната смеса.
Смесата се става во подмачканото тавче и убаво се израмнува. Одозгора се премачкува со една жолтка и се поросува со сусам.
Се подпекува во загреана рерна се додека да зарумени горниот дел.
Одкако ќе се олади се сече на триаголници и се сервира.