Испечати

Ладен крем од чоколадо

Ладен крем од чоколадо

Состојки

  • 500 мл. млеко
  • 1 (100гр) чоколадо за готвење
  • 2 јајца
  • 100 гр. шеќер
  • 50 гр. брашно
  • За украсување
  • 200 мл. слатка павлака

Подготовка

Одличен чоколадест десерт за во топлите летни денови. Едноставен и брз за подготовка. Се служи ладен со додаток на слатка павлака или овошен сос.

Ставете го млекото во тенџере да зоврие. Откако ќе зоврие, тргнете го на страна и ставете го чоколадото. Мешајте со жица за матење додека се стопи. На страна во еден сад, жолчките изматете ги со шеќерот. Додадете го брашното и убаво измешајте. Оваа смеса ставете ја во млекото и ставете на тивко да се вари додека да згусне. Мешајте со жицата за да не се направат грутчиња. Оставете убаво да се олади. Белките изматете ги во цврст снег и нив додадете ги во кремот мешајќи повторно со жица за матење. Ставете во чаши и оставете во фрижидер убаво да се олади. Така оладен кремот, украсете го со слатка павлака.