Пилешко à ла Филип
Состојки
- 2 пилешки стека
- 2 парчиња димен свински врат
- 1 блага пиперка
- 1 лута пиперка
- 1 домат
- 1 рендан морков
- пола тиквичка
- малку магдонос
- по вкус сол
- по вкус бибер
- малку масло
Подготовка
Пилешкото месо се сече на ленти и се става во тава да се потпржи. Кога е заруменето се додава ренданиот морков, исечканите пиперки, тиквичката исечена на коцки и свинскиот врат исечен на ленти. Кога ќе се пропржат се додава и исечканиот домат и се остава да испари течноста од доматот. Се зачинува по вкус со сол и бибер и на крај се наросува со исечкан магдонос.
Се гарнира со варен ориз.
Пријатен апетит!