Салата од макарони со туна
Состојки
- 400 гр макарони
- 250 гр туна од конзерва
- 5-6 лажици мајонез
- 200 гр кисели краставички (или сок од еден лимон)
- сол, црн бибер, оригано
Подготовка
Еве уште една варијанта за салата од макарони )))
Едноставно сварете ги макароните, а киселите краставички исецкајте ги на коцкички. Додадете ја туната сосе маслото, па мајонезот. Посолете, зачинете и промешајте. Сервирајте во длабики чинивчиња и уживајте )))
*За ваквите салати убаво е да се користат ситни макарони. Така, на изглед составот повеќе доаѓа до израз. Но, ако ги конзумирате како ние, за оброк, тогаш тоа и не е толку битно-секако е вкусно за тој што сака туна и тестенини.
** Исто така, за изглед убаво е да се користи туна во парчиња, за разлика од нашава која на наше изненадување не беше таква, иако тоа го пишуваше на опаковката.