Огледало глазура

Состојки
- 1/2 чаша од 250 мл. слатка павлака
 - 1/2 чаша вода
 - 5-6 лажици шеќер
 - 4 лажици какао
 - 10 гр. желатин
 
Подготовка
Така како што прочитавте, право огледало. Да не беше толку лошо времето, сигурно ќе одсликав нешто подобро. Глазурата е повеке од добра, а сега за летните десерти и чискејкови да не зборувам колку е прекрасна. Во фрижицерот имам два колача со оваа глазура. Кколку се нервирам што не можам да ги сликам, не можам да им начекам времето, а веќе полека но сигурно ќе се изедат. Божемски нешто задскривам за да дадам приказ и од нив, ајде - можеби утре ќе ми се посреки. Сега за сега - повелете на Ваша понатамошна услуга оваа пре-прекрасна глазура која ќе знае да ве спаси од многу гафови доколку ги имате како што ги имам јас.. оваа глазура е прав спас...
  
 Се спрема многу лесно
 Во касеролата ставете павлаката, водата, шеќерот и какаото. На тивко ставете да се вари за цело време мешајки со лажицата за да го растворите какаото. Доволно е кога на целата површина има многу меурчиња. Тргнете од огнот, додадете го желатинот кој од самата топлина ќе се стопи.
 - Земете цедалка и прецедете додека е топло. Потоа малку ја само почекајте да се подизлади и налејте врз колачот.
 Уживајте и ви гарантирам дека ќе бидете пресреќни што колачот како и да сте го направиле за на „око“ - глазурата ке си ја заврши работата.
 Забелешка
 Уживајте и покрај мои многу овде постирани рецепти,  по овој рецепт ќе ме запаметите, сигурна сум. Па прекрасна е глазурата....
 Оваа глазура дава многу можности, само вие креирајте..
 Доказ дека е огледало. Погледнете како се одсликува небото над мене додека сликам, а во една од додатните фотографии ќе го видите апратот... јас тоа сликам.. хихи,