Редена пита со сирење
Состојки
- 2 јајца
- 10 гр. сув квасец или 40 гр. свеж
- 2 и 1/2 мали лажички сол
- 2 мали лажички шеќер
- 250 мл. млеко или вода (топло)
- 250 мл. кисело млеко или јогурт
- 150 мл. масло
- масло по потреба за попрскување
- За фил
- 300-500 гр. сирење
- сусам за посипување (по желба.)
Подготовка
Во сад во кој ќе месите ставете го квасецот, солта, шеќерот и 1 мало лажиче брашно. Додајте го млекото или водата - треба да биде топло. Измешајте и оставете да се запени 5-10 мин.
Додајте ги јогуртот, маслото и јајцата, измешајте малку со вилушка.
Додавајте брашно постепено и месете, треба да добиете меко тесто што не се лепи за рацете. Месете 5-10 мин.
Оставете го тестот нека одмори 1 час на топло место покриено со чиста крпа. Кога тестото е стасано поделете го на 5 делови или колку сакате по желба.
На работната површина намрсете малку масло и развлечете кора во форма на правоаголник во димензија на плехот кој ќе го користите. Јас користев плех со димезнии 20х40 см., затоа питата е повискоа како погача. Би ви советувала да биде онаа од рерната 40х30 см.
Едната развлечена кора ставете ја на намрсениот плех, попрскајте со масло и посипете 1/4 од претходно здробеното сирење.
Постапката со корите повторете ја уште 4 пати. Последната не ја попрскувајте со фил, само со масло, исечете ја на парчиња кои ви одговараат и поросете сусам, ако сакате може да премачкате со јајце.
Вклучете ја рерната да се загрее на 250 степени.
Питата ставете ја повторно на топло место и покријте ја со крпа. Кога рерната е загреана ставете ја питата да се пече, намалете на 200 степени.
Печете додека зарумени и има кафенаста боја. Извадете и покријте со крпа да се задуши.
Уште еднаш исечете по линиите каде што имате засечено и послужете.