Полнети мини печива
Состојки
- 700 гр. брашно
- 1 квасец
- 1 лаж. шеќер
- 1 лаж. сол
- 100 мл. масло
- 1 јајце
- 350 мл. млеко
- 300 гр. салама и кечап
Подготовка
Квасецот се става во топло млеко, се става и сол, шеќер и брашно неколку лажици, сето тоа да нарасне.
Потоа во сад со останатото брашно се става маслото, јајцето и нараснатиот квасец.
Се замесува тесто кое повторно се остава околу половина час малку да нарасне.
Од стасаното тесто се прават кругчиња кои потоа се расукуваат и во средината се става малку кечап и салама, таа може да биде рендана или на кругчиња.
И краевите од расуканото кругче се спојуваат на средина и сето тоа се превртува обратно со собраниот дел надолу.
Се ставаат на подмачкано тавче. и се печат на 200 степени додека да заруменат ид двете страни.