Мокар колач
Состојки
- Тесто*
- 3 јајца
- 5 лажици шеќер
- 2 лажици гриз
- 2 лажици какао
- 9 лажици млеко
- 6 лажици брашно
- 1 пециво
- Прелив*
- 400 мл. млеко
- 3 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
- За украсување
- 1 кесичка шлаг крем од ванила
Подготовка
Еден многу лесен, едноставен и брз клач кој се прави за час.
Се матат белките со постепено додавање на шеќерот. Потоа ги додаваме жолчките со матење, па се додава гризот, какаото,млекото и на крај брашното помешано со пецивото. Се става во претходно подмачкан и побрашнет плех со димензии 27 х 24 и се пече во загреана рерна на 180 Ц додека не се испече и додека тестото не се одвои од страните на плехот. (Брзо се пече).
На страна се загрева млекото заедно со шеќерот и ванилата. Кога колачот е готов топол се прелива со топлото млеко и се остава да се олади. Одозгора колачот се премачкува со претходно разматен шлаг.
Одозгора се украсува по желба.
Најпосле дојде на ред да се испроба и делимано силиконскиот калап Ч)