Испечати

Полнета погача

Полнета погача

Состојки

  • 500гр брашно
  • 20гр свеж квасец
  • 1 јајце
  • 100мл зејтин +50гр маргарин
  • 200-250мл млака вода
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажичка сол
  • фил
  • 500гр лобода
  • 200гр урда или сирење
  • 1 јајце

Подготовка

Квесецот се става да надојде со шеќерот и 2 лажици брашно во 200мл топла вода.
Од како ќе стаса се замесува тесто со брашното постепено додавајќи го зејтинот. Тестото убаво се изработува и се остава да се одмори околу 30 минути.
Кога ќе стаса тестото се размесува и се двои од тестото 1/3. Останатото тесто се расплескува во намастен калап.
Лободата се мие, сецка и се обарува. Се цеди убаво и се меша со урдата и јајцето.
Над расплесканото тесто во калапот се премачкува маргарин и се става филот. Од преостанатото 1/3 тесто се прават лентички широки околу 2см и се редат врз филот.
Погачата се остава да стаса околу 20 минути и се пече на 200степени 10 минути и на 180 степени уште 30 минути.
Филот во погачата го продолжува времето на печење.