Гурмет гулаш со мисиркино месо
Состојки
- 250 гр. свежи шампињони
- 250 гр. моркови
- 5 големи главици кромид
- 1 чешне лук
- 600 гр. мисиркини гради (или филе од мисирка)
- 500 мл. пилешка супа (коцка)
- 100 мл. суво бело вино
- 200 мл. павлака за готвење
- 3 лажици лук власец
- 1 лажиче рендана кора од лимон
- 2 лажици густин
- сол, бибер
Подготовка
Најпрво, сварете половина литар пилешка супа од коцка.
Шапињоните исчистете ги и исечете ги на листови. Морковите и лукот исечкајте ги. Кромидот исечете го на тенки долги ленти. Месото измијте го и со кујнска хартија исушете го. Исечкајте го на парченца.
Во тава или тенџере ставете 3 лажици зејтин и пржете го месото додека да поцрвени од сите страни. Извадете го од тавата и ставете го на страна. Посолете и побиберете. Во истото тенџере додадете уште малку зејтин и ставете го кромидот, шампињоните и лукот на средна температура да се динстаат. Кога кромидот убаво ќе омекне, посолете и побиберете. Додадете ги морковите, супата и виното и оставете повторно да се динста околу 15-тина минути. Додадете го месото и павлаката за готвење и динстајте уште 10-тина минути. Во меѓувреме, измијте го власецот и ситно исецкајте го. Додадете го во гулашот заедно со ренданата кора од лимон. Во малку ладна вода растворете го густинот и него ставете го во гулашот и убаво промешајте. Оставете 3-4 минути да поврие на тивко.
Послужете топло со варен басмати ориз, варени компири или со багет.
Добар апетит!