Кола торта
Состојки
- Пандишпан
- 6 лажици шеќер
- 6 лажици брашно
- 6 јајца
- 3 лажици какао
- Фил
- 1 маргарин
- 250 гр шеќер во прав
- 200 мл кола сок
- 250 гр мелени бисквити
- 250гр мелени ореви
Подготовка
Се матат јајцата со шеќерот, се додава брашното и какаото. Се пече во убаво намрсена и набрашнета тава од шпоретот.
Се мати маргаринот пенесто со шеќерот во прав, се додава сокот кола, па бисквитите и мелените ореви. Се меша убаво со лажица. Испечениот пандишпан се сече на три ленти по должина и се филува.