Ванила чајни колачи
Состојки
- 125 гр. маргарин или путер ( на собна температура.)
- 1/2 чаша од 250 мл. шеќер
- 1 јајце
- 1 мала лажичка ванилин екстракт
- 1 мало лажиче прашок за пудинг од ванила (ако имате)
- 1 чаша од 250 мл. брашно
- 5 гр. пециво
- 1/4 мало лажиче цимет (по желба)
- 3 лажици + по потреба млеко
Подготовка
Вклучете ја рерната на 200 степени да се загрева, на плехот од рерна ставете хартија за печење.
Во сад за матење ставете го маргаринот исечен на коцки, шеќерот, јајцето и ванила екстрактот. Измиксајте со миксер да стане пенесто и шеќерот да се растопи. Додајте го прашокот за пудинг, брашното, пецивото и циметот, измиксајте уште еднаш да се соедини, ќе добиете ронливо тесто, додадете ги 3 те лажици млеко, измиксајте, треба да добиете густа смеса слично на онаа за еклери само малку потестеста за да може лесно да поминува низ шприцот, ако треба додадете уште млеко.
Во пластичен шприц или најлонски со ѕвездаста наставка, полнете од смесата и правете форми на хартијата, по желба. Ставете ги да се печат и печете додека заруменат (10-15 мин), може и да ги направите малку покафенасти. Излегуваат околу 25-30 колачи
Оставете ги да се оладат на жица за колачи. Соберете ги и чувајте ги во добро затворена кутија.