Видео рецепт: Биријани со зеленчук
Овој рецепт е добар на толку многу начини – тој потекнува од кујната на Блискиот Исток како комбинација на сладок компир, јаткасти плодови и сушено овошје. Крцкавиот пржен кромид одозгора му дава посебен вкус на ова јадење.
Состојки
- 2 слатки компири
- 100 грама бадеми
- 100 грама суво грозје
- 400 грама варен басмати ориз
- 1 супена лажица куркума
- 2 супени лажица кумин
- 1 голем кромид
- Ќе ви треба и маслиново масло, сол и бибер
Вид на оброк: Предјадење
Комплексност: Лесно
Лица: 4
Време на подготовка: 30-60 мин.
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Сет тави за пица, Тава за пржење и Касерола.
Подготовка
Чекор 1: Прво излупете ги компирите и исечкајте ги на мали коцки. Ставете ги во тавата за печење и додадете маслиново масло, сол, бибер и кумин. Печете 20-25 минути на 160 степени.
Чекор 2: Печете ги бадемите во тавата за пржење додека да потемнат и силно да замирисаат. Исклучете ја ринглата и додадете суво грозје и малку масло ако сакате да го засилите вкусот.
Чекор 3: Исечкајте го кромидот на ленти и пропржете го во масло додека да добие златна боја и да стане крцкав.
Чекор 4: Сварете го басмати оризот со полна лажица куркума во прав за да има поубава боја и вкус.
Чекор 5: Време е за спојување на состојките. Во кружен сад ставете ги сите состојки, освен кромидот, и убаво измешајте ги. Оставете ги неколку минути.
Превртете ги во чинија и одозгора наросете со пржениот крцкав кромид и парчиња компир, бадем и суво грозје.
СОВЕТ: Ова може да биде и главно јадење, но, исто така, идеално е и како гарнир со јагнешко месо. Во смесата можете да додадете и мелено месо за поинаков вкус. Комбинирајте го со солен јогурт!