Испечати

Мравји колач

Мравји колач

Состојки

  • 6 јајца
  • 210гр шеќер
  • 200мл вода
  • 80гр маргарин
  • 160гр кондезирано млеко
  • 180гр брашно
  • 2,5 лажички сода бикарбона

Подготовка

Се топи шеќерот на оган, му се додава водата, па му се додава маргаринот да се растопи. Се трга на страна да се излади. Настрана се матат 6 јајца пенесто, му се додава кондезираното млеко, брашното и сода бикарбоната. На сето ова му се додава изладениот сируп. Сето ова се мати и се става во подмачкана тава.
Се остава да стои во исклучена рерна 30мин. Потоа се уклучува рерната на 170 степени и се печи околу 40 тина минути.