Чоколадно нутела фонду
Состојки
- За фонду
- 100 гр. темно чоколадо
- 80 мл. слатка павлака
- 20 гр. шеќер
- 1 ванила
- 60 гр. нутела
- 30 мл. млеко
- 1 лажица ликер од портокал
- За макање
- по избор овошје - јагоди, банани, крушка, кива, цреша, вишна -маршмелоу бомбони,кекси и др.
Подготовка
Немам од тој специјалниот сет за Фонду, ама импровизирам, за да биде топло и течно. Најобична огноотпорначинија, ја ставам на сталката од ароматизерот за простории, запалам свекичката - да,да- така се снаоѓам...
- Најпрвин измијте го овошјето и оставете да се исцеди и просуши, тоа што е за лупење и сечење - излупете и исечете на кришки, бананите и крушите залејте ги со лимонов сок за да не потемнат и после само топенда.
Фонду
- Шеќерот, слатката павлака и млекото ставете во касеролата и доведете ги до вриење. Полијте врз веке ситно сецканото чоколадо и со лажица бркајте додека се стопи чоколадото. Додадете ги Нутела кремот, ванилата и ликерот, разбркајте.
- Вака спреманото фонду префрлете во друга чинија која е огноотпорна, поставете на сталката од ароматизерот или на нешто друго што ќе одговара за оваа намена, запалете ја свекичката одоздола, место специјалните вилушки земете од обичните стапчиња за ражнич и направете си забава.
Нека ви е слатко!