Шпагети пица
Состојки
- 500гр. шпагети,вода за варење
- 200гр. шунка по избор
- 200гр. маринирани печурки
- 3 варени јајца
- 1 живо јајце, кечап, оригано
- 1 кисела павлака по избор
- 200гр. кашкавал
- 50гр. маргарин, малку презла
Подготовка
Најомилениот вкус на многу луѓе веројатно е пицата и јас се вбројувам во нив, а ова е една од варијациите кои ги подготвувам во тој стил.
Шпагетите се варат во поголемо количество солена вода (за да не се лепат). Се цедат и се тушираат со ладна вода, повторно се цедат.
Во плех се премачкува маргаринот така што ќе ја прекрие целата внатрешност, врз него се наросува презла.
Настрана во сад се сечат варените јајца на кругови, печурките се сечкаат и се ставаат во кечап и оригано, да се образува сос од нив (количината на кечап сами ја одредувате зависно од желбите).
Што се однесува пак до шунката може рендана или сечкана, а кашкавалот на тенки плочки.
Во друг сад се мати јајцето со виљушка се додава и павлаката.
Сите шпагети се истураат врз плехот и се распоредуваат рамномерно, врз нив се става од сосот со кечап, печурки и оригано, се става да се потпечат во рерна неколку минутки, се вади плехот од рерната се распоредуваат круговите варени јајца, шунката, најгоре прелив од јајце и павлака и сосема на врв кашкавалот со малку оригано. Се става во рерна повторно да се истопи кашкавалот.